ЗА ПЛАТФОРМАТА
Ова е платфромата „АЈДЕ ДА ЈАДЕМЕ“ - место за вкусни рецепти и едукација
поврзана со исхраната.
Ако сакате инспирација за избалансирани оброци што лесно можете да
ги трансформирате по сопствен вкус, плус ако сакате и да дознаете нешто повеќеза исхраната - тогаш сте на вистинското место
Да се запознаеме,
Јас сум Антонио Велковски,
магистер по нутриционизам и науки за храна.
За различните типови на исхрана почнав да се интересирам пред 10-ина години, трагајќи по одговорот на прашањето „Кој е најправилен начин на исхрана?“
Јас и самиот ги почувствував благодетите на промената на исхрана и одлучив за моето искуство да зборувам преку мојот блог „Ајде да јадеме“.
Љубопитноста не ме остави да застанам тука. Решив подетално да ја проучувам исхраната и затоа се решив за студирање нутриционизам.
Студиите ги завршив со куп знаење во областа на исхраната кое сум подготвен да го споделам преку мојот старо-нов медиум „Ајде да јадеме“.
Целта ми е да најдеме решение за вашите предизвици во делот на исхраната, а мојата мисија е да ја надминеме културата на диети и да се преоирентираме кон секојдневно практикување на поздрава избалансирана исхрана.
Со нас ќе откриете како правилната исхрана може позитивно да влијае на вашето секојдневие и да ви помогне да го достигнете најдоброто од себе.
Придружете ни се на патот
кон поздрав живот!
Специјалности
Персонализирани
планови за исхрана
Исхрана при проблеми
со дигестија
Исхрана во преддијабетна состојба
Креирање нутритивни и избалансирани рецепти
Едукација за исхрана