Магистер по нутриционизам, но пред сè човек кој низ лично искуство научи дека храната е многу повеќе од бројки и калории или неодржливи диети.
Моето патување започна со експериментирање со диети од интернет и лица со несоодветно образование, кои наместо здравје – ми донесоа орторексија и дигестивни проблеми.
Тогаш сфатив: вистинските одговори ги има науката, што ми беше мотив да ги завршам моите нутриционистички студии.
Денес, преку „Ајде да јадеме“, ви помагам да го подобрите односот со храната – без забрани, без диети, туку со личен, одржлив и балансиран пристап.
Покрај тоа ви помагам во менаџирање и третирање на различни здравствени состојби (инсулинска резистенција, ПЦОС, гастритис, предијабетес, дигестивни проблеми и други здравствени нарушувања).
Верувам во индивидуализирани планови за исхрана кои го почитуваат начинот на живот и се соодветни на здравствената состојба на секој клиент
Мојата цел е да ги поттикнам клиентите да ги подобрат своите навики на одржлив начин, истовремено подобрувајќи го и своето здравје