top of page

Чоколаден чија пудинг со кокос

Едно време бев заљубен во правењето слатки и ми беа вистински предизвик. Барав рецепти, гледав редовно да имам состојки што најчесто се употребуваат, собирав книги со рецепти за десерти.


Така во мојата потрага наидов на Vegan Chocolate од Fran Costigan и книгата ми стана библија за слатки. Имам направено голем дел од рецептите (некои поуспешно, некои помалку успешно), ама имам и уште многу од нив што ми се на листата на чекање, па можеби некогаш ќе им дојде редот.

Пудингот сервиран со боровинки и чоколадо
Пудингот сервиран со боровинки и чоколадо

Во последно време многу се актуелни чија пудинзите, па решив да го споделам овој рецепт од Vegan Chocolate, затоа што ми е омилен и е вистински летен десерт.


Самото составување на рецептот не бара многу работа, но бара добра организација, затоа што потребно е киснење, отстојување и сл. Меѓутоа крајниот резултат го оправдува трудот.

Чоколаден чија пудинг со кокос
Чоколаден чија пудинг со кокос
 

Чоколаден чија пудинг со кокос


Количина: 3-4 порции

Време за подготовка на состојките: 15 мин

Време за подготовка на пудингот: 30 мин (без времето за отстојување на пудингот)


Се подготвува со блендер и сад за мешање



Состојки:


60 g урми без семки

80 ml (⅓ чаша) многу топла вода

300 ml (1¼ чаша) полномасно кокосово млеко на собна температура

30 g кокосови снегулки (плус за гарнирање)

2 (12 g) големи лажици какао

Прстофат сол

2 големи лажици мед (по желба)

40 g (¼ чаша) чија семе


За гарнирање: чоколадо, боровинки, јагоди, лешници (по желба)

Чоколаден чија пудинг - подготовка
Чоколаден чија пудинг - подготовка
Чоколаден чија пудинг - подготовка

Опис:


  1. Урмите треба да се откиснат 15-тина минути во топла вода, додека да омекнат.

  2. Додека урмите да откиснат, со рачен блендер се мелат кокосовото млеко, кокосот, медот (ако се користи), какаото и солта.

  3. Се додаваат урмите и преостанатата вода од киснењето и се продолжува со блендирање. Не е страншно ако останат парченца од урмите.

  4. Се додава чија семето и се убаво се промешува. По 10-ина минути, повторно промешуваме.

  5. Пудингот се префрла во тегличка и се остава да се излади најмалку 6 часови, а за тоа време се промешува уште неколку пати за да не се создадат грутки од чијата.

  6. Чија пудингот се сервира со гарнир по желба.

Чија пудингот подготвен за конзумирање
Чија пудингот подготвен за конзумирање

Забелешки:

  • За помалку слатка варијанта може да се намали количината на медот, а може и сосема да се изостави.

  • Коксовото млеко знае да остави впечаток на многу мрсно, па ако не ви се допаѓа тој вкус, можете да употребите половина од дозата кокосово млеко, а половина соина или некој друг вид растително млеко.

Одличен десерт за освежување на жешко време
Одличен десерт за освежување на жешко време

889 views0 comments

Recent Posts

See All

Комментарии


Комментарии отключены.
bottom of page