top of page

Бајадера со путер од кикирики

Еден од најбараните вкусови е комбинацијата на кикирики и чоколадо, нешто во стилот на сникерс слатките, па со нашата БАЈАДЕРА СО КИКИРИКИ ќе се обидеме да го доловиме тој вкус.

Бајадера со путер од кикирки
Бајадера со путер од кикирки

Овој десерт е без печење и со многу едноставни состојки, што значи многу лесно може да ви се најде во моменти кога не ви се седи премногу долго во кујна.


Бајадера со путер од кикирки
Бајадера со путер од кикирки
 

Бајадера со путер од кикирики


Количина: 7 плочки

Време за подготовка на состојките: 10 мин

Вкупно време за подготовка на бајадерата: 20-25 мин (без времето за ладење)


Се подготвува во мултипрактик, калап и мал сад за растопување на чоколадото



Состојки:


Околу 200 g меки урми (исчистени од семките)

100 g солени кикирики, грубо издробени

60 g овесни снегулки

Ванила екстракт

1 голема лажица кокосово масло

2-3 големи лажици путер од кикирики


100 g темно чоколадо

1 голема лажица растопено кокосово масло

1 голема лажица путер од кикирики

Неколку иситнети кикирики

Распоредување на смесата за основата на бајадерата
Распоредување на смесата за основата на бајадерата
Бајадера со путер од кикирики - подготовка
Бајадера со путер од кикирики - сечење на прачиња

Опис:


  1. Урмите се мелат во мултипрактик додека да се добие леплива паста. Потоа, пастата од урми, грубо иситнетите кикирики, овесните снегулки, ванилата, кокосовото масло и путерот од кикирики се ставаат во сад и убаво се промешуваат (може да е користи влажна лажица).

  2. Во калап убаво се распоредува смесата за основата.

  3. Чоколадото се растопува, се додава кокосовото масло и се распоредува врз претходно подготвената основа. Вака подготвениот колач се остава убаво да се излади.

  4. На крај, изладениот колачот се дели на парчиња и секое одделно се украсува со путер од кикирики и исечкани кикирики.

Гарнирање на бајадерата
Гарнирање на бајадерата

Забелешка:

Колачот може да се чува во фрижидер неколку недели.

Бајадера со путер од кикирики
Бајадера со путер од кикирики

Recent Posts

See All

Kommentare


bottom of page