top of page

Вафли од овесни снегулки

Не знам од каде ми дојде, ама пред некое време на жена ми и реков: „Ајде да направиме нешто спонтано! Да купиме апарат за вафли!“


Дома имаме толку многу играчки за во кујна, што веќе нема место каде да ги чуваме, ама апаратот за вафли ми се причини како решение за правење брзи појадоци.

Вафли со путер од лешници и прелив од вишни
Вафли со путер од лешници и прелив од вишни

Испробав неколку рецепти за вафли и веројатно ќе објавам цела серија постови на таа тема, ама прво мора да им отстапам место на овие од овесни снегулки.


Ме примамија да ги направам поради составот, но и поради тоа што ја содржат битната комбинација: протеини, јаглехидрати и масти!

Вафли
Вафли
 

Вафли од овесни снегулки


Количина: 6 мали квадратни вафли

Време за подготовка на состојките: 15 мин

Време за печење на вафлите: 10 мин

Вкупно време за подготовка: 25 мин


Се подготвуваат во два сада за мешање на состојките и во апарат за вафли



Состојки:


130 g овесни снегулки (сомлени како брашно)

2 мали лажици прашок за печиво

Прстофат сол

Прстофат цимет

180 ml нискомаслено млеко на собна температура (јас користам соино)

60 ml (1/4 чаша) маслиново масло

2 големи јајца (или 1 јајце + 1 г. лажица чија со 3 г.лажици топла вода)

1 голема лажица мед

Ванила

Крцкави вафли
Крцкави вафли
Вафли прелиени со сос од рогач
Вафли прелиени со сос од рогач

Опис:


  1. Во голем сад се мешаат сувите состојки: овесното брашно, прашокот за печиво, солта и циметот. Во друг сад со маталка се мешаат млекото, маслото јајцата (и чијата, ако се користи), медот и ванилата.

  2. Сите сувите и влажните состојки се спојуваат и се мешаат. Не е проблем ако остане по некоја грутка од брашното. Смесата треба да се остави да отстои 10-ина минути за овесното брашно да впие дел од течноста. За тоа време нека се загрева апаратот за вафли на средна температура.

  3. По 10 минути смесата уште еднаш убаво се промешува и се разлева на загреаниот апарат за вафли. Вафлите се печат околу 5 минути. Печените вафли не се редат една врз друга за да не ја изгубат крцкавоста.

  4. Истата постапка се повторува со преостанатата смеса.

Вафли со путер од лешници и прелив од вишни
Вафли со путер од лешници и прелив од вишни
Вафли со чоколаден крем од лешници и портокали во вино
Вафли со чоколаден крем од лешници и портокали во вино

Забелешки:

  • Јајцата може да се заменат со чија семе (1 г. лажица чија семе + 2 г. лажици вода = 1 јајце)

  • Вафлите може да се сервираат со мед, домашен чоколаден крем од лешници, путер од кикирики или со џем.

  • Може да се направи поголема количиниа од вафлите и да се замрзнат спакувани во ќесички. По потреба доволно е само да се притоплат на тостер и може да се конзумираат.

Вафли со чоколаден крем и портокали во вино
Вафли со чоколаден крем и портокали во вино

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page