top of page

Вафли од овесни снегулки и спанаќ

Updated: Jun 19, 2021

Во еден од претходните постови напишав дека вафлите ми се нова опсесија и дека ќе испробам да ги направам во неколку варијанти.


Вафлите се толку брзи и едноставни за правење, што ми станаа редовен утрински оброк кога не знам што да смислам за јадење, а да не ме задржува многу време во кујна.

Вафли со путер од лешници и прелив од вишни
Вафлите сервирани со мармалад од смокви

И овие вафли, како и претходните што ги имам објавено, се од овесни снегулки, но сакав да испробам нутритивно да ги збогатам и да им додадам спанаќ.


Во рецептот користам замрзнат спанаќ, ама слободно можете да користите и свеж спанаќ изблендиран со вода.

Вафли со спанаќ
Вафли со спанаќ
 

Вафли од овесни снегулки


Количина: 6 мали квадратни вафли

Време за подготовка на состојките: 15 мин

Време за печење на вафлите: 10 мин

Вкупно време за подготовка: 25 мин


Се подготвуваат во блендер и во апарат за вафли



Состојки:


200 g крупни овесни снегулки

200 g спанаќ (или блитва)

4 јајца (или 3 јајца и 1 лажица чија семе изматено во 3 лажици вода)

1/2 чаша вода (може соино млеко)

4 големи лажици мелено ленено семе

1 голема лажица мед (може да се изостави за солена варијанта)

2 мали лажици прашок за печиво


За гарнирање: мед, џем, чоколаден крем...

Крцкави вафли
Крцкави вафли
Вафли и мармалад
Вафли и мармалад

Опис:


  1. Во блендер се блендираат јајцата, водата и спанаќот.

  2. Овесните снегулки се мелат додека да се добие брашно.

  3. Се спојуваат сите состојки и заедно се блендираат.

  4. Дел од смесата се разлева во апарат за вафли и се пече околу 5 минути.

  5. Кога ќе се испечат вафлите, се вадат од апаратот и се оставаат да се подизладат. Истата постапка се повторува со остатокот од смесата.

Вафлите сервирани со мармалад од смокви
Вафлите сервирани со мармалад од смокви

Забелешки:

  • За солена варијанта доволно е само да се изостави медот и да се додаде сосема малку сол.

  • Може да се направи поголема количиниа од вафлите и да се замрзнат спакувани во ќесички. По потреба доволно е само да се притоплат на тостер и може да се конзумираат.

Вафлите со спанаќ се одобрени и од деца
Вафлите со спанаќ се одобрени и од деца

Recent Posts

See All

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page