top of page

Грчка салата со макарони

Updated: Aug 28

Редовно присутна салата на менијата по сите ресторани е грчката салата. Не бара многу време за подготовка, а може да се смислат и интересни варијанти.

Хумус - основна варијанта

Од грчката салата можеме да составиме целосен оброк со избалансиран сооднос на јаглехидрати, протеини и масти со тоа што ќе ја збогатиме со макарони и наут.

Ќе направиме салата која се подготвува брзо и лесно, а богата е со многу бои и едноставни вкусови.

Хумус - основна варијанта
 

Грчка салата со макарони и наут


Количина: 4-6 порции

Време за варење на макароните: 6-10 мин

Време за сечкање на зеленчукот: 10-15 мин

Вкупно време за подготовка: 20-25 мин (без дополнителното ладење и без времето за варење на наутот)


Без глутен, без јатки, без додадени шеќери

Се подготвува во тенџере за варење и во сад за мешање на салатата



Состојки за салатата:


300 g макарони

250-300 g варен наут (или наут од конзерва)


100 g маслинки

1/2 главица кромид (по можност црвен)

1 голема црвена пиперка, исечкана на коцки

1 краставица, исечкана на поголеми коцки

300 g шери домати

20 g чаша магдонос, иситнет

Сирење исечено на коцки (или маринирано тофу)

Рукола (по желба)


2 голема лажица маслиново масло

Сок од 1.5 лимон

Сол и црн пипер


1 мала лажица оригано

Хумус - основна варијанта

Опис:


  1. Макароните сварете ги al dente, односно не оставаме ги да се преварат и да се раскашават. Кога ќе се сварат, веднаш исплакнете ги под ладна вода затоа што тестенините омекнуваат и додека се врели, иако се не се варат.

  2. Откако ќе се сварат макароните, префрлете ги во поголем сад и додадете го варениот наут.

  3. Додека се варат макароните, исечкајте го зеленчукот.

  4. Сечканиот зеленчук се додава во садот кај варените макарони и наутот, се додаваат зачините, а на крај се гарнира со коцки сирење и рукола (по желба).

  5. На крај се поросува сушено оригано.


Забелешки:

  • За да се збогати вкусот, иако не е карактеристично за грчката салата, може да се додаде малку сируп од калинки.

  • Салатата вака составена одлична е во замена за брз оброк, а може да се вклопи и кога треба да пречекувате гости, а немате идеја за нешто брзо што нема долго време да ве заглави во кујна.


Comments


bottom of page