top of page

Отворен сендвич со млечен намаз и лосос

Сендвичите некако ми се синоним за брз оброк, за брза храна. Не само што не одземаат време во составувањето, туку и лесни се за пакување како оброк за носење.


Со сендвичите, покрај тоа, и многу може да се експериментира со вкусовите, како што е случајот со овој рецепт.

Отворените сендвичи сервирани со парчиња портокал
Отворените сендвичи сервирани со парчиња портокал

И бидејќи сакам да додадам зеленчук во каква било варијанта секаде каде што може да се вметне, овде имаме интересна комбинација на зелена салата со кромид и портокал.


Знам, сетоа ова ќе ви звучи чудно, ама препорачувам да го испробате овој експеримет со вкусови, па да се уверите каков празник претставува за сетилата.

Портокалот и дава посебен вкус на салатата
Портокалот и дава посебен вкус на салатата

 

Отворен сендвич со млечен намаз и лосос

Количина: 6 отворени сендвичи

Време за подготовка: 10 минути


Потребни се сад за салата и еден сад за пасирање



Состојки:


200 g немрсно сирење или урда

Лук во прав

Копар - свеж или сушен


Зелена салата (пр.рукола, марула)

Кромид

1/2 портокал

20 g ореви, искршени

Балсамик


100 g димен лосос


Сендвичите сервирани со портокал
Сендвичите сервирани со портокал

Опис:

  1. За млечниот намаз, се пасира сирењето и се додаваат зачините

  2. Во посебен сад се мешаат состојките за салатата.

  3. СОСТАВУВАЊЕ: на секое парче леб како основа се мачка од намазот, потоа се додава салатата и на крај секој сендвич се украсува со парчиња димен лосос (лососот може претходно кратко да се пропжи на многу малку масло на нелеплива тава или кракот во air-fryer).

Сендвичите со млечен намаз и лосос
Сендвичите со млечен намаз и лосос

Сендвичите со млечен намаз и лосос
Сендвичите со млечен намаз и лосос



Comments


bottom of page