За време на пости обично исхраната е доминантно јаглехидратна, без да се внимава на соодветниот внес на протеини, па и на масти. Затоа еве намаз од тофу кој може да се искомбинира со леб и зеленчук и да се добие комплетен оброк.
Тофуто е богат извор на растителни протеини, а ако е коагулирано со калциумови соли, претставува и добар извор на калциум, минерал кој најчесто се изоставува кога се применува посна/веганска храна.
Намазот за овие сендвичи всушност најчесто го правам со урда или со младо сирење, така што тоа би била варијанта од намазот кога не е период на пости.
Отворени сендвичи со намаз од тофу
Количина: 35-40 мали колачи
Време за подготовка: 15 минути
Се подготвува во длабок сад за мешање, сад во кој ќе се топи чоколадото и калап за мали мафини.
Состојки:
300 g неутрално тофу
2 чешниња лук
1 лажичка сенф
Сок од лимон + малку вода
2 лажици маслиново масло (по желба)
1 лажица јаболков оцед
1 лажичка лук во прав
Сол и црн пипер
Буковец (по вкус)
Ситно сечкан магдонос
Може да се додадат и копар, босилек...
Парчиња леб
Зеленчук по избор
Опис:
Тофуто се блендира со лукот, сенфот, водата, сокот од лимон и зачините додека да се добие кремаста смеса.
Се префрла во сад, се додаваат магдоносот и останатите зачински билки и се убаво се меша.
Намазот се мачка на парчињата леб и се украсува со нукулци, спанаќ или некој друг вид зеленчук.
Намазот може да се чува на ладно 4-5 дена.
コメント