top of page

Салата во тегна со туна и наут

Не смеете да наоѓате оправдување ако пресконете оброк во периоди кога сте на работа или сте презафатени затоа што дури и во тие моменти може да се најде решение.


А решението е да составите салата во тегла како целосен оброк!

Салатата во тегла со туна и наут
Салатата во тегла со туна и наут

Овој рецепт е само идеја (предлог) и со количините и со составот и повеќе можете да го користите за составување ваков тип салати.


Многу е битно салатата и дресингот да ги чувате одделно и да ги измешате непосредно пред конзумирање.

Редење на салатата
Редење на салатата

 

Салата во тегла со туна и наут


Количина: 1 порција

Време за подготовка: 10 минути


потребни се поголема тегла за салатата и помала за дресингот



Состојки:


Зелена салата (може пакувана од маркет)

Млад лук и кромид

1 конзерва туна, процедена од маслото

300 g наут

Морков, изрендан



Дресинг:

Лук, исечкан

Масло

Сок од лимон

Сенф

Сол и црн пипер

Редење на салатата
Редење на салатата

Опис:

  1. Во тегла, на дното наредете ја зелена салата и младиот кромид, па потоа наутот, туната и морковот

  2. На страна направете дресинг од лук, масло, сок од лимон, сенф, сол и црн пипер.

  3. Пред конзумирање, истурете ја салатата во длабок сад и полејте ја со дресинг.

  4. Во случај да не сакате да носите две тегли, тогаш во големата тегла на дното истурете го дресингот и потоа редете ја, така што прво ќе го додадете наутот, па туната и на крај зеленчукот (зеленчукот да нема допир со дресингот).

Парче од погачата
Салатата истурена во длабок сад




Comentários


bottom of page