top of page

Тофу кајгана со печурки

Updated: Feb 14, 2021

Тофуто, како соин производ, е одличен извор на растителни протеини и вистинска штета е што многу малку е достапно на нашиот пазар.

Тофуто најчесто се смета за храна без вкус поради што многумина не се обидуваат ни да го пробаат!

Тофу кајганата сервирана со пиперки со урда и закиселен модар патлиџан
Тофу кајганата сервирана со пиперки со урда и закиселен модар патлиџан

А ми се чини дека баш неутралниот вкус го прави тофуто доста прилагодливо за секаков тип јадена, и слатки и солени. Ги прима сите вкусови и придонесува за структурата на јадењето во кое е додадено.


Една од најпопуларните варијации на тема тофу што ќе ја најдете на интернет е кајгана од тофу која може да се направи на најразличен начин. Со оваа кајгана се надевам дека ќе ви го сменам ставот за вкусот на тофуто.

Тофу кајгана - потврда дека тофуто може да биде вкусно!
 

Тофу кајгана со печурки


Количина: 2 порции

Време за подготовка на состојките: 5 мин

Време за пржење: 15 мин

Вкупно време за подготовка: 15 мин


Се подготвува во тава за пржење.


Состојки:


200 g тофу

200 g печурки, исечкани на поголеми парчиња

1 главица кромид, исечкан

1 голема лажица маслиново масло


Лук во прав

1/2 мала лажица куркума

Црвен пипер

Морска сол или кала намак (црна сол)

Тофу кајгана - потврда дека тофуто може да биде вкусно!
Тофу кајгана - потврда дека тофуто може да биде вкусно!

Опис:


  1. На масло кратко (5 минути) се пропржуваат кромидот и печурките.

  2. На страна тофуто се пасира со вилушка и се додава кај кромидот и печурките и се пржи 10 минути со постојано мешање.

  3. Додека трае пржењето се додаваат зачините, а ако се користи кала намак се додава сосема на крај за да не се изгуби вкусот од топлината.

  4. Се гарнира со црвен пипер.

Тофу кајгана

Забелешки:

*Место печурки, во тофу кајганата може да се додаде некој селенчук, како на пример праз или пиперки.

**Може да се сервира со парче леб и пинџур или да се додаде во зелена салата.


Comentarios


bottom of page