top of page

Хумус со цвекло

Најмногу се радувам кога ќе најдам начин како на вкусен и незабележлив начин да вметнам повеќе зеленчук во исхраната. Воопшто не ми е битно дали е преку намази, чорби, како додаток во оброк за комплетирање на вкусот...

Хумусот со цвекло
Хумусот со цвекло

Хумусот кај нас дома секогаш е добредојден намаз и обично кога и да ја направам основната варијанта, бргу го снемува.


Затоа сфатив дека хумусот е идеален за со него да се вметне и некој зеленчук кој не само што ќе го збогати нутритивно, туку ќе му даде и интересен вкус.

Секогаш додавам зрна наут врз хумусот
Секогаш додавам зрна наут врз хумусот

 

Хумус со цвекло


Количина: околу 4 порции

Време за подготовка: 15 минути (без времето за варење на цвеклото)


Се подготвува во мултипрактик или блендер.



Состојки:


400 g варен наут

2 главици цвекло, излупено и сварено (или цвекло конзервирано од тегла)

Сок од еден лимон (може и помалку)

Сол и црн пипер

¼ чаша таан

1 лажица маслиново масло

Рендана кора од лимон

1-3 лажици вода, зависни колку тенка или густа структура посакувате


По избор при сервирањето може да се додадат зрна наут, кромид и уште малку масло

Хумусот со цвекло сервиран со наут, кромид и масло
Хумусот со цвекло сервиран со наут, кромид и масло


Хумусот може да се мачка на тортиљи
Хумусот може да се мачка на тортиљи

Опис:

  1. Се меле наутот, а потоа се додава и цвеклото и се продолжува со мелење.

  2. Постепено се додаваат останатите состојки: сокот од лимон, зачините, таанот, маслото и кората од лимон. Се разредува со малку вода во зависност од посакуваната структура.

  3. Се сервира со варени зрна наут, со уште малку масло и ситно сечкан босилек.

  4. Може да го искористиме за мачкање тортиља, во која ќе додадат и кромид, пиперки и малку авокадо.

Хумусот во тортиљи со зеленчук
Хумусот во тортиљи со зеленчук





298 views0 comments

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page