Печен фалафел со блитва

Како голем обожавател на фалафел, сакав да испробам печена варијанта и да видам дали ќе доловам сличен вкус.
45-50 мин
30
30

Состојки

400 g сиров наут 2 главици кромид 3-4 чешниња лук Кора од лимон Китка блитва (или, потрадиционално, магдонос) Зачини: сол, црн бибер, буковец, кумин 2-4 лажици брашно од наут или од овес ½ лажичка сода бикарбона Масло за премачкување на фалафелите

Постапка

1. Наутот се потопува во вода барем 10 часови. Потоа убаво се процедува од водата. 2. Откиснатиот наут (не се вари) се става во блендер со сите состојки, освен маслото и содата, се меле додека да се добие смеса од која ќе може да се оформуваат ќофтиња. Не очекувајте да добиете мазна смеса како за хумус! 3. Добиената смеса се остава да се излади во фрижидер околу 1 час. 4. Во изладената смеса се додава содата, убаво се промешува и се оформуваат ќофтиња (25-30, зависи од големината). 5. Фалафелите се премачкуваат со тенок слој масло за да се добие крцкава кора, слична на пржената варијанта и се печат на 180 степени, 35-40 минути. Јас обично ги превртувам на половина од времето за печење.