Состојки
300 g варен компир (1 поголем компир)
Рендан морков
1 лименка (240g) варен грашок
Белки од 3 јајца
Пиперка, млад кромид, магдонос, копар
Дресинг
1 лажица таан
1 лажица вода
Сок од лимон
Сенф
Лук
Сол и црн бибер по вкус
Постапка:
Компирите одкако ќе се сварат и ќе се подизладат, се сечкаат и се ставаат во поголем сад.Се додава грашакот и преостанатите состојки за салатата
Подготовка на дресингот: сите потребни состојки се мешаат во тегличка или во помал сад.Дресингот се полева врз салатата и се промешува целата салата.
Ако дозволува времето салатата се остава во ладилник околу половина час за убаво да се комбинираат вкусовите.
Забелешки
Во дресингот по вкус може да се додаде уште лимон или мед, а за потенок сос да се додадат 1-2 лажици вода или растително млеко.
Дресингот може да се искористи и за зелена салата, да се полее врз варена киноа или како сос за варени тестенини.