Состојки
1 голема лажица маслиново масло
200 g пилешко месо, исечено на коцки
1/2 главица кромид
300 g печурки шампињони, исечкани
70 g индиски ореви, по можност откиснати
1 1/2 чаша вода
Мешан сув зеленчук
Кари (или куркума)
Црн пипер и сол
Постапка:
Водата и индиските ореви се блендираат додека сосема да се иситнат оревите и да се добие мазна течна структура, односно да се добие бел сос.
Пилешкото на коцки се динста на нелеплива тава на 1/2 голема лажица маслиново масло (или може печена), а ако има потреба се додава вода за месото да биде помеко.
Оделно се динста кромидот на 1/2 лажица масло се додаваат печурките и се динста уште 5 минути.
Се додаваат месото и белиот сос и се остава да проврие додека да се подзгусне (околу 5 минути).
Се сервира со ориз, просо, булгур или некоја друга житарка.