top of page

Услуги и цени

Прочитајте за услугите што ги нудиме, а потоа кликнете на копчето што ќе ве одведе до прашалникот каде што ќе ги оставите потребните основни податоци за почетна анамнеза.

Ако сакате само да поставите прашања / да се консултирате за нашите услуги, одете директно до нашата контакт форма.

ПЕРСОНАЛИЗИРАН ПРИСТАП

  • упатства за начинот на исхрана според здравствената состојба на клиентот

  • предлог рецепти/програма за исхрана

  • насоки како постепено да се воведат нови навики и да се подготвуваат поздрави оброци

  • 1 контрола во месецот 

3000 ден.

4000 ден. (VIP услуга)

ПРОГРАМИ ПРИ ПРОБЛЕМИ
СО ДИГЕСТИЈА
иратибилен колон
(IBS)

  • персонализиран план за исхрана

  • рецепти за секој оброк и за секој ден

  • насоки каков тип на исхрана да се применува според здравствената состојба

  • редовни консултации, следење на ситуацијата и можност за постојана комуникација.

4000 ден.

ПРОГРАМИ ПРИ ПРОБЛЕМИ
СО ДИГЕСТИЈА
диспепсија, гастропареза киселински рефлукс

  • персонализиран план за исхрана

  • рецепти за секој оброк и за секој ден

  • насоки каков тип на исхрана да се применува според здравствената состојба

  • редовни консултации, следење на ситуацијата и можност за постојана комуникација.

4000 ден.

Pricing

ПРОГРАМА ЗА ФИЗИЧКИ АКТИВНИ ЛИЦА
претежно растителна програма

  • програма со дневно околу 2200-2300 калории и околу 130 g протеини (25% од вкупните калории)

  • рецепти за секој оброк - програмата не подлежи на промени

  • насоки како поедноставно да се подготват оброците

  • 1 контрола во месецот

2000 ден.

ИЗБАЛАНСИРАНА
ВЕГЕТАРИЈАНСКА ПРОГРАМА

  • програма со дневно околу 1700 калории

  • рецепти за секој оброк - програмата не подлежи на промени

  • насоки како поедноставно да се подготват оброците

  • 1 контрола во месецот 

2000 ден.

ПРОГРАМА ЗА СЛАБЕЕЊЕ/ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСХРАНАТА

  • основни упатства во кој правец треба да се движи вашата исхрана

  • програма за исхрана со рецепти (програмата не подлежи на промени)

  • насоки како поедноставно да се подготват оброците

  • 1 контрола во месецот

2000 ден.

Што содржи програмата “Ајде да јадеме“?

Персонализирана програма за исхрана

Програмата за исхрана се составува според вашата здравствената состојба, секојдневните обврски, начин на живот и според вкусвите што ги преферирате. 

Програмата „Ајде да јадеме“ ги фаворизира намирниците кои докажано поттикнуваат одлично здравје и нормална телесна тежина.

Насоки за подготовка на оброците

Со тоа што се одлучувате за некоја од нашите услуги, прво што добивате се совети за лесно и постепено вметнување здрави навики во исхраната и како на поздрав начин да ги зготвите секојдневните оброци.

Добивате и насоки кои намирници би требало редовно да бидат застапени во исхраната според вашите потреби. 

Брзи и лесни рецепти

Рецептите што се содржани во програмата се лесни за подготовка со состојки до кои едноставно може да се дојде. Главното мото е нутритивно богати оброци што заситуваат, без сложени подготовки и скапи намирници.

Редовна комуникација

Најбитно при следењето некаква програма за исхрана или при воведувањето нови навики за исхрана е поддршката и редовната комуникација со нутриционистот. Пакетите предвидуваат и таква можност - редовни консултации онлајн, преку телефон или преку електронска пошта!

Редовни контроли

Откако ќе се започне со примена на програмата, предвидени се контроли двапати месечно. Контролите се за заеднички да видиме колку напредувате кон зацртаната цел - без никави осудувања и без голем притисок за строго придржување кон некави тешки правила.

bottom of page